Објавено на:

АФП: ​​„Вагнер“ лани купил сателити од кинеска компанија, ги користел за шпионажа

t

Руската платеничка група „Вагнер“ во 2022 година потпишала договор со кинеска компанија за купување два сателити и користење на нивните снимки, објави новинаската агенција АФП повикувајќи се на документ во кој имала увид. АФП наведува дека договорот бил потпишан во ноември 2022 година, повеќе од половина година откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, во која „Вагнер“ групата одигра значајна улога.

„Вагнер“ користел и сателитски снимки за да ги надгледува своите операции во Африка, дури и за време на неуспешниот пуч на тогашниот шеф на групата, Евгениј Пригожин во јуни, изјавил извор од европските безбедносни сили за АФП.

Според договорот, напишан на англиски и руски и потпишан на 15 ноември 2022 година, компанијата „Пекинг Јунце Тхнолоџи“ (Beijing Yunze Technology) ѝ продала два сателити за набљудување со висока резолуција на компанијата Чанг Гуанг (CGST) на Ника-Фрут, компанија која тогаш била во сопственост на Пригожин. Цената на сателитите и дополнителните услуги изнесувала повеќе од 30 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…