Ахмети во Скопје и во Тетово ќе слави 20 години од трансформацијата на ОНА во ДУИ

t

Под мотото „20 години заедно“ со две прослави во Скопје и во Тетово на плоштадите „Скендер бег“ и „Илирија“ Демократската унија за интеграција ќе прослави 20 години од трансформацијата на паравоената организација Ослободителна народна Армија (ОНА) во политичка партија ДУИ.

За јубилејот преку Фејсбук информира лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Прославите ќе се одржат на 3 и на 4 јуни во Скопје и во Тетово.

-20 години Демократската унија за интеграција приредува прослава за сите затоа што посакуваме заедно да го одбележиме децениското патување и заедничките успеси. На 3 јуни голема прослава на плоштадот „Скендер бег“ во Скопје, а на 4 јуни главната манифестација на плоштадот „Илирија“ во Тетово! Бидете спремни за прославата пријатели – пишува Ахмети.

По конфликтот во 2001 година паравоената ОНА во 2002 година се трансформира во ДУИ. Карактеристично за партијата е дека Ахмети како врховен командант на ОНА, по трансформацијата на паравоената формација во политички субјект веќе 20 години, односно од основањето е претседател на партијата и досега, иако партијата одржа неколку Конгреси ниту еден соборец и сопартиец не се обиде да му биде противкандидат за лидерската позиција во ДУИ.

Инаку партијата е основана на 5 мај 2002 година и во чест на основањето беше подигнат 20 метарски споменик на ОНА во селото Слупчане.

Од основањето, партијата безмалку исто толку години е на власт освен од 2006 до 2008 година кога ДУИ, иако победи во албанскиот блок, Никола Груевски направи влада со Арбен Џафери и Мендух Тачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шамар од Стејт департментот за Бугарија: Незаконски…

Акциите на бугарската влада за справување со…

ДИК ги објави резултатите: Ѓукановиќ е фаворит…

Државната изборна комисија на Црна Гора на…

Француската полиција “европски” уапси 101 демонстрант на…

Бројот на уапсени на демонстрациите во Париз…

(Видео) Крвава случка: Роми во Бугарија се…

Шест лица се повредени во масовната тепачка…

Арсовска гради мега-парк од 30.000 метри квадратни…

Започнува изградбата на новиот мега-парк во Чаир…