Ахмети кажа не на предврмени избори: Имаме многу поважни задачи

t

Мислам дека изборите не се решение за сегашната ситуација, бидејќи пред нас има многу поважни задачи, изјави денеска лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори следната пролет.

-Треба да се реализира скринингот и да продолжат преговорите со Европската унија. Во овој процес треба да има етничко и меѓуетничо единство, затоа што станува збор за иднината на државата, за иднината на генерациите. И сите треба да инвестираме во таа иднина, изјави Ахмети по денешната Свечена академија по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември.

Во врска со најавите за влез на Алијансата на Албанците во владината коалиција, Ахмети истакна дека целта на таквата идеја е обезбедување на „концентрација во европските интеграции“.

-Целата оваа тема нема врска со теснопартиските интереси. Ова се однесува на усогласување на политичкиот фактор за поголема концентрација во европските интеграции, изјави Ахмети.

Тој додаде дека премиерот Димитар Ковачевски е во преговори со в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари за ова прашање.

-Се уште не е зборувано за детали, најважно е што страните изразиле волја за еден процес кој бара унифицирање и бара координација, истакна Ахмети, додавајќи дека досега не се разговарало за евентуална прераспределба на министерските ресори во Владата.

Говорејќи за денешниот Ден на албанското знаме, Ахмети нагласи дека денеска е значаен ден за сите Албанци, односно дека станува збор за одбележување на значаен настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТВ21: Приведени Ејуп Рустеми и уште три…

Министерството за внатрешни работи досега уапси неколку…

Истрага за злоупотреби при јавна набавка во…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…

Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…

Миовски со посебни копачки против Велс, посветени…

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на натпреварот со Велс во квалификациите за…