“Ајвар туризам”: Грците се жалат дека Македонците и Србите изнајмуваат станови за да печат пиперки

Туристичките агенции велат дека во последно време имаат проблеми со грчките угостители бидејќи постојано се жалат на туристи од Македонија, а, како што велат, најмногу поради пиперките.
„Автобусот попат застанува во Лесковац, таму купуваат пиперка во вреќи. А потоа одморот го користат за печење црвен пипер – не на плажа, туку во станови во Грција“, велат од агенцијата за порталот Nova.rs.
Тие објаснија дека „туризмот со пиперка“ всушност носи повеќекратни придобивки за оние кои го практикуваат.
Летуваат по речиси нереални цени – познато е дека аранжманите се неколкукратно поевтини на крајот на септември отколку во сезоната.
Второ, не губат време за традиционална подготовка на зимата и трето, не трошат своја, туку грчка струја за печење пиперки.
Грчките угостители не наоѓаат решение за проблемот, а се жалат и на тинејџерите кои под масата во хотелскиот ресторан најчесто истураат сок и пиво купени во блискиот супермаркет.
Извор: 4NEWZ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ вети дека ќе го спроведе договорот?…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…
Србија сепак ќе мора да прифати членство…
Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за…
Вучиќ ја зголемува социјалната помош за над…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Вучиќ не верува дека Србија ќе стане…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не…
САД ја поздравуваат нормализацијата на односите меѓу…
Портпаролката на Советот за национална безбедност на…