„Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ“

Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
ЛДП, ДОМ и ДС да не се кријат зад криминалните интереси, туку еве понуда за една изборна единица. Еве понуда да ја напуштат владата и да прифатат избори.
Единствено важно за државата е излез од 4 кризи во кои ја втурна оваа гарнитура на СДСМ и ДУИ, и тие не се решение за тие кризи.
До решавање и справување со кризите ќе дојде само со нова влада по спроведени парламентарни избори.
Доколку пречка за СДСМ или ДУИ е техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара да дојде до промени во изборниот законик, но и за помалите партии кои како несогласување со СДСМ и ДУИ го посочија проблемот за една изборна единица.
ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара по овие прашања, ако тоа гарантира предвремени избори, кои ќе бидат решение за проблемите и кризите, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ продолжуваат со убедување: Пред нас е…
Предлогот на француското претседателство е јавно објавен…
СДСМ: Францускиот предлог денес ќе биде достапен…
Со вчерашната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, повторно…
Тасевски повикува на “револуција” во СДСМ: Сите…
Вие како членови на СДСМ мора да…
Немале доволно судии: Уставен суд не одлучи…
Платеното политичко рекламирање во медиумите се најде…
Каша во Франција, Макрон го губи апсолутното…
Премиерката на Франција Елизабет Борн е избрана за првпат…