Банкротираше првата азиска држава

Шри Ланка банкротираше поради надворешниот долг од 51 милијарда долари по најтешката економска криза во историјата на оваа земја. Државата е зафатена од акутен и сериозен недостиг на храна и гориво додека се соочува со секојдневни ограничувања за електрична енергија.
Во изминатите неколку недели, јавното незадоволство ескалира со обиди за масовни упади во домовите на членови на администрацијата, а безбедносните сили ги растераа демонстрантите со солзавец и гумени куршуми.
Министерството за финансии соопшти дека, пред да добие финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд, Шри Ланка прогласува банкрот според сите надворешни обврски, вклучително и заеми од странски земји.
Владата презема итна мерка само како крајна опција за да се избегне натамошно влошување на финансиската состојба – се наведува во соопштението.
Економската криза во Шри Ланка почна по неможноста за увоз на основни добра од странство, бидејќи пандемијата влијаеше на падот на приходите од туризмот и приходите од странство.
Шри Ланка побара олеснување на долгот од Индија и Кина, но двете земји, наместо тоа понудија дополнителни заеми за купување стоки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ново видео од тик-токерот Вучиќ, овојпат…
Само еден месец е отворен профилот на…
Австрија најсреќна земја во ЕУ, Бугарија и…
Европската агенција за статистика (Евростат), објави податоци…
Лајчак најави одвоени разговори со преговарачите од…
– Специјалниот пратеник на Европската унија за…
Командант на КФОР: Ситуацијата на Косово и…
Како што рече, КФОР отсекогаш ја докажал…
Арсовски: Ако опозицијата ја бојкотира техничката влада…
„Ако опозцијата ја бојкотира оваа техничка влада,…