Објавено на:

Барселона ќе игра против Кјелце во финалето од Лигата на шампионите

t

Барселона со сигурни 34-30 го победи Кил во второто полуфинале и утре ќе се бори за големиот пехар од ракометната Лига на шампиони против Кјелце. 

Барселона ја оправда улогата на фаворит против Кил и релативно лесно дојде до победата. Првиот дел беше неизвесен, но во второтото полувреме Каталонците доминираа и на крајот дојдоа до лесна победа од четири гола разлика.


Најдобар во составот на Барселона беше Гомез Абељо кој даде 12 голови, а на голот брилијантен беше Де Варгас со 11 одбрани.

Во утрешното финале Барселона ќе игра против Кјелце, а Кил ќе се бори за третото место со Веспрем. Кај Кил, Винчек имаше седум гола, Рајнкинд даде шест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барселона ќе игра против Кјелце во финалето…

Барселона со сигурни 34-30 го победи Кил…

Дали некогаш сте сонувале да играте на…

Барселона се наоѓа во доста комплицирана финансиска…

Манасков и Веспрем против Келце на Ф4,…

Денеска во Виена беа извлечени полуфиналните двојки…

Хаос во Барселона: Се судрија два воза,…

Едно лице загина, а 85 се повредени…

Чудесен пресврт на вардарци, Куп-титулата e ,,црвено-црна”

Вардар го освои 15.трофеј во националниот Куп,…