Бачкиот епископ Иринеј: МПЦ-ОА де факто сè уште не е автокефална црква

Српската православна црква ќе го прифати секое име за МПЦ-ОА, кое ќе биде резултат на сеправославен консензус, бидејќи со Томосот на СПЦ за автокефалноста тоа прашање е оставено отворено и не е решено. Вака бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, во интервју за српски „Печат“ ги објаснува позициите на СПЦ во поглед на прашањето за името на МПЦ-ОА, што во јавноста овде во Македонија се толкува како решено и затворено прашање.
СПЦ смета дека иако се одлучила да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА таа се уште дефакто не е автокефална црква и дека состојбата во која се наоѓа е комплексна, карактеризитрајќи ја како „новоформирана црква“.
Моменталната ситуација е ваква: практично сите помесни Цркви воспоставија литургиско и канонско општење со новоформираната Црква, некои веќе ја признаа и како автокефална, а некои тоа го одложија додека не се постигне согласност за нејзиното официјално име. А, бугарската Црква најде соломонско решение признавајќи и го автокефалниот статус и заедничко (општо) име „Црква во Македонија“ (значи ниту „македонска“ ниту „охридска“). Нашата Црква го остава прашањето за името отворено и ќе го прифати секое име кое ќе биде плод на општ договор и согласност, а дотогаш го профаќа името со кое сестринската црква сама себе се именува, „Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“. Се надевам драги пријатели дека со овој одговор барем до некаде го разјаснив канонскиот пристап СПЦ на ова колку комплексно и сложено, толку и важно прашање, вели во интервјуто Иринеј Буловиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот апостол Петар
Овој ден се споменува заради веригите во…
Денес се празнува Свети Сава, архиепископ српски
Син на српскиот жупан Стефан Немања, се…
Денес се празнуваат Светите маченици Ермил и…
Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните.…
Денес се празнува Свети Григориј, епископ Ниски
Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше…
Денес се празнува Светиот маченик Полиевкт
Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со…