Башар ал Асад отруен во Москва?! Почнал да се гуши и да кашла, во крвта најдено отров

Соборениот сириски диктатор Башар ал Асад, кој со семејството е во Москва откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Сирија, наводно е отруен, јавуваат руските медиуми, пренесува нова.рс.
Според тврдењата, труењето делува како обид за атентат врз Асад, кој беше евакуиран во Русија по лична наредба на претседателот Владимир Путин.
Во текот на викендот, телеграмскиот канал Генерал СВР, наводно управуван од поранешен висок руски разузнавач, објави дека Асад почнал да се чувствува лошо во неделата, жалејќи се на проблеми со дишењето.
viber slika
Според извештајот, поранешниот сириски претседател веднаш потоа повикал лекарска помош, но неговата состојба се влошила. Наводно почнал да кашла и да се гуши, а подоцна почувствувал главоболка и стомачни болки. До доаѓањето на лекарскиот тим, неговото здравје било сериозно загрозено, иако водата привремено му ги ублажила симптомите.
Претставниците на Кремљ веднаш биле информирани за ситуацијата и било наредено Асад да се лекува дома наместо во болница. До понеделник неговата состојба се стабилизирала и наводно се чувствувал подобро.
Сепак, резултатите од тестовите на крвта укажуваат на присуство на отровна супстанција во неговото тело.
Според генералот СВР, помошникот на рускиот претседател Николај Патрушев е информиран за наодите, а истрагата е во тек. Сè уште не е јасно како Асад бил изложен на отровот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Сочувство од навивачите во Пловдив: „Бугарија…
Навивачите на бугарската фудбалска репрезентација не заборавија…
Побаран 30 дневен притвор за Крешник Бектеши
Обвинителството побара 30 дневен притвор за екс…
Уште една трагедија: Кумановец загина во експлозија…
Шеесетгодишен маж загина во четвртокот вечерта при…
Шокантно тврење на член на Здружението на…
Борче Стојчевски од Здружението на инженери за…
Фала му на бога и на медицинскиот…
Во стабилна состојба се 173 пациенти повредени…