Објавено на:

Бајач од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

t

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот законик на РСМ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, скопско.

Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности (наводен „бајач“, истерувач на духови и магии) , односно како “Божји човек” кој има моќ и сила да растури зла маѓија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот. Притоа, во наведениот речиси три годишен период ги навел оштетените лица во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово да му даваат парични средства во висина од 5.000 до 6.000 евра за „помошта“, така што се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра за посочениот период.

По примањето на пријавата од страна на полициски службеници од СВР Штип во содејство со полициски службеници од ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител од надлежното ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на кривично правниот настан, при што паричните средства кои оштетениот по предходен договор со пријавениот имал намера да му ги даде, се крим-технички обработени. Така вчера (04.07.) во Берово од слобода се лишени пријавениот Д.И. и неговата мајка Д.И. (76) од Трубарево, скопско кај која при извршен претрес се пронајдени парични средства во износ од 3000 евра. Од извршениот претрес во нивниот дом во Трубарево пронајдени се и одземени се предмети поврзани со кривичното дело – „измама”. По целосно преземени мерки и активности против двете приведени лица е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело „измама” и истите се предадени на Судија за предходна постапка во Основниот суд Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајач од скопско, измамил брачен пар од…

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба…

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…

Управител на градежна фирма измамил охриѓанец за…

Вчера во 16.00 часот во СВР Охрид,…

Поранешниот шеф за „различности“ на Фејсбук се…

Обвинителите велат дека измамата се потпирала на…