Бајден апелира: Да се олеснат визните ограничувања за високообразовани Руси, да се стимулира одлив на мозоци од Русија

Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот да ги олесни визните ограничувања за високообразованите Руси, што предизвикува „одлив на мозоци“ од Русија.
Станува збор за измени во Законот за имиграција и државјанство за полесно да се добие работна виза за САД, објави Си-Ен-Ен. Доколку измените бидат усвоени, тоа ќе им овозможи на Русите со магистерски или докторски студии по технологија, инженерство или математика полесно да добиваат визи без работодавач во САД.
Тие вклучуваат Руси со дипломи во аеродинамиката на хиперсонична брзина, водечки технологии во нуклеарната енергија, модерна технологија на ракетни мотори, насочена енергија, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и вселенска технологија и системи.
Аргументот на Бајден е дека „законот ќе им помогне на САД да привлечат и задржат руски таленти и да го намалат рускиот иновациски потенцијал во корист на националната безбедност на САД“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…
Европската унија со остра осуда на заканите…
Европската унија (ЕУ) денеска ги осуди заканите…
Медведев го смрзна светот: Ова води до…
Испораките на странско оружје за Украина водат…