Бајден бара Американците веднаш да ја напуштат Украина: Блинкен очекува Руски напад, кога тогаш

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека нови руски сили продолжуваат да пристигнуваат на украинската граница и дека инвазијата на Украина може да започне во секое време, вклучително и за време на Зимските олимписки игри во Пекинг, кои завршуваат на 20-ти февруари.

Говорејќи на прес-конференција во Мелбурн по состанокот на групата Квад, неформална група од САД, Австралија, Индија и Јапонија – Блинкен рече дека Вашингтон ќе продолжи да ја повлекува својата амбасада од Украина.

„Продолжуваме да гледаме многу загрижувачки знаци на руска ескалација“, изјави Блинкен.

Тој инсистираше на тоа дека Соединетите Држави би сакале да ги решат разликите со Русија преку дипломатија и додаде дека направиле максимални напори да ја ангажираат Русија во тоа.

Неговите коментари се откако претседателот Џо Бајден ги повика Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата, што е уште еден силен јавен сигнал дека војната можеби се приближува.

На 10 февруари, Стејт департментот го повтори предупредувањето дека Американците не треба да патуваат во Украина „поради зголемените закани од руската воена акција“ и ги повика оние кои веќе се таму веднаш да заминат.

Американските граѓани во Украина добија инструкции „да бидат свесни дека американската влада нема да може да ги евакуира во случај на руска воена акција каде било во Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонија нема ништо против рускиот народ,…

На прашање на Инфомакс како ја коментира…

Левица: По донираното оружје за Украина армијата…

Откако министерката Славјанка Петровска најави дека Македонија…

(Видео) Ковачевски го доби најтешкото прашање од…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше на посета…

Трамп: Би ја завршил војната во Украина…

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд…

(Видео) Цела влада отиде во маркет со…

Премиерот Димитар Ковачевски по третпат е на…