Бајден вели: Санкциите против Русија влијаат и врз САД

Соединетите држави и Европа знаеле дека воведувањето на санкциите против Русија поради војната во Украина не можат да минат без последици на енергетскиот пазар, изјави во средата американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето на нацијата.
„Русија е еден од најголемите производители на нафта во светот. Ги прекинавме испораките на руската нафта во САД, и нашите партнери во Европа го сторија истото, знаејќи дека ќе се соочиме со раст на цените на бензините“, рече Бајден во текот на специјалното обраќање по повод невидениот раст на цените на бензините во земјата.
Американскиот челник рече и дека во Вашингтон можеле да ги „затворат очите на руската агресија“ во Украина и така да го избегнат рекордниот скок на цените на горивата.
„Мислам дека тоа би било погрешно. Така мислев тогаш, така мислам и сега“, изјави Бајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мејер: САД, ЕУ и партнерите инвестираа милиони…
Претставници на 36 јавни претпријатија од Скопскиот,…
Бајден од ОН го повика светот да…
Претседателот Бајден во обраќањето на Генералнот собрание…
Националниот долг на САД со нов рекорд
Долгот на земјата ги помина фамозните 33…
САД посредувал за договор помеѓу ММФ и…
Вашингтон беше лут на претходната влада на…
Листа на најмоќните земји во светот
САД, Кина и Русија остануваат најмоќните земји…