Објавено на:

Бајден вети 150 милиони долари помош за земјите од југоисточна Азија

t

Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа отвори средба со лидерите на земјите од југоисточна Азија со ветување од 150 милиони долари за изградба на инфраструктурата, безбедноста, спремноста да се справат со пандемијата и други напори во тие земји.

Со лидерите од Асоцијација на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН) Бајден се сретна на свечената вечера синоќа во Вашингтон, а денеска во Стејт департментот започнуваат дискусиите со лидерите на Брунеи, Индонезија, Камбоџа, Сингапур, Тајланд, Лаос, Виетнам, Малазија и Филипини.

И покрај одземеното внимание со војната во Украина, со овој настан Администрацијата на Бајден се надева да покаже дека Вашингтон останува посветен и фокусиран на Тихоокенскиот регион и долгорочните предизвици од страна на Кина, во која САД гледаат главен конкурент на светската сцена.

Новите финансикски бврски кон овие земји вклучуваат инвестиции во инфраструктурата во висина од 40 милиони долари насочени кон нула издувни гасови во енергетиката, 60 милиони долари за безбедноста на морските води, 15 милиони за здавството за рана детекција на Ковид-19 и други пандемиски болести.

Дополнителни инвестиции ќе помогнат за развој на дигиталната економија и вештачката интелигенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако Европа “не ја сака” има кој…

Азиските земји сега сочинуваат две третини од…

Украина очекува 16 милијарди долари дополнителна помош…

Украинскиот премиер, Денис Шмихал, изјави дека Украина…

Ќе биде “интересно”: И Лавров лета кон…

Авионот со Лавров полета за Азија Министерот…

(Фото) “Србија има моќен сојузник”: Како Русија…

Русија со оружје им помага на браќата…

Најава за нова војна – Лукашенко: Следната…

Лукашенко: Следната борба за поделба на светот…