Објавено на:

Бајден: Не сакам да слушам повеќе лаги за несовесно трошење

t

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја бранеше својата економска политика на Конвенцијата на Сојузот на американските синдикати што се одржа во Филаделфија, во време кога на Волстрит расте стравот од рецесија.

– Волстрит не ја изгради оваа земја, средната класа ја изгради оваа земја. Не сакам да слушам повеќе лаги за несовесно трошење. Ги менуваме животите на луѓето – истакна Бајден и додаде дека доколку инвестициските банкари штрајкуваат, нема многу да се смени во американската економија, пренесува Гласот на Америка.

Бајден разговараше со околу 2.000 членови на синдикатот, лидери и државни и локални функционери на Четиригодишната конвенција на Американската федерација на трудот и конгресните индустриски организации (AFL-CIO), на која лидерите на синдикатот се согласуваат за стратегија за идна акција.

Федерацијата вклучува 57 синдикати со членство од 12,5 милиони работници.

Бајден потсети и на редиците за храна и затворањето на работните места за време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп и посочи дека стапката на невработеност денеска е на рекордно ниско ниво.

– Каков контраст. Обичните луѓе чекаа во ред цел час за да купат вреќа храна, а политиката на Трамп создаде повеќе милијардери од кога било досега во американската историја – истакна Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: На САД не им успеа да…

Плановите на САД да ја изолираат Русија…

Американска конгресменка: Бајден не треба да се…

Демократската конгресменка Каролин Малони, претседателка на Комисијата…

Се огласија од Белата куќа: Не се…

Белата куќа не се меша во ситуацијата…

“Глобал Тајмс”: Европа нема да ги жртвува…

Европа ги трпи последиците од украинската криза…

Нови провокации: Американски пратеници во посета на…

Делегација американски пратеници денеска пристигна во Тајван,…