Бајден пушти срце: Оружје вредно милијарда долари ќе биде испратено во Украина

Претседателот на САД, Џо Бајден најави дополнително оружје за Украина, вредно милијарда долари.
Помошта вклучува „дополнително артилериско и крајбрежно одбранбено оружје, како и муниција за артилерија и напредни ракетни системи”.
Бајден информираше дека за новото оружје го известил украинскиот претседател Володимир Зеленски во нивниот телефонски разговор.
Нивниот разговор траел 41 минута, а Бајден најавил и дополнителни 225 милиони долари хуманитарна помош за украинските цивили. Меѓу другото, помошта вклучува снабдување со вода за пиење, критични медицински материјали, како и пари за основните потреби на жителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
Путин му одговори на Трамп: Животот на…
Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот…
Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе…
Членството на Украина во НАТО повеќе не…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…