Објавено на:

Бајден се плаши дека републиканските кавги во Конгесот ќе ѝ наштетат на Украина

t

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека е загрижен за републиканските несогласувања во Конгресот кои можат да ѝ наштетат на помошта за Украина.

Тој вети дека наскоро ќе одржи говор во кој ќе објасни зошто САД треба да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Запрашан дали е загрижен дека Соединетите Држави нема да можат да ја достават помошта што ѝ ја ветија на Украина поради немирите во Капитол Хил, Бајден рече:

„Тоа ме загрижува, но знам дека мнозинството членови на Претставничкиот дом и Сенатот од двете партии рекоа дека го поддржуваат финансирањето на Украина“.

Бајден рече и дека ќе одржи голем говор за тоа, во кој ќе истакне зошто е клучно за САД и нивните сојузници да ги задржат своите обврски кон Украина. Земјата во голема мера се потпира на западните испораки на оружје за помош во одбраната од руските напади.

Претседателот рече дека постои уште еден начин што САД би можеле да го користат за финансирање на Украина, покрај траншите од помошта одобрени од Конгресот. „Постои и друг начин на кој можеме да најдеме финансирање за тоа“, рече Бајден, одбивајќи да објасни, а Белата куќа одбила да даде детали за тој начин на финансирање, објави Си-Ен-Ен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден побара продолжување на испораката на оружје…

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…