Бајден: Украина никогаш нема да биде победа за Русија
„Еден диктатор со намера повторно да изгради империја никогаш нема да ја избрише љубовата на народот за слобода, бруталноста никогаш нема да ја сомеле неговата воља за слобода, Украина никогаш нема да биде победа за Русија“, напиша синоќа на Твитер претседателот на САД Џо Бајден.
„Место да ја скрши одлучноста на Украинците, бруталните тактики на Русија само ја засилија. Место да го разделат НАТО, Запад сега е посилен и по обединет од кога и да било порано“, напиша Бајден.
„Без сомнение оваа војна е веќе стратешка грешка за Русија. Путин мислеше дека Украинците ќе се покорат и нема да се борат. Место тоа, руските сили се судрија со еднаква на себе храбра и цврста украинска одбрана“, напиша претседателот на САД.
Твитовите на Бајден доаѓаат по неговиот вчерашен говор во Варшава во кој за Путин кажа „овој човек нема да остане на власт“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на жртвите од земјотресот во Тибет…
Бројот на жртви во силниот земјотрес на…
Нотингем форест игра како пред пет-шест децении!
Најпријатното изненадување во Премиерлигата е екипата на…
Samsung одлучи: Ист процесор за сите
Интернационалниот модел Samsung Galaxy S25, кој користи…
Русија најави одмазда против Украина поради употребата…
Русија денеска најави дека ќе ѝ возврати…
Со автомобил удрена 66-годишна жена во Тетово,…
Автомобил удри во 66-годишна жена во Тетово,…