Објавено на:

Бајден ќе се сретне со шведската премиерка и финскиот претседател

t

Американскиот претседател Џо Бајден в четврток во Белата куќа ќе ги прими шведската премиерка Магдалена Андерсон и финскиот претседател Саули Ниинисто, изјави денеска портпаролката на Бајден, Карин Жан-Пјер.

Двете земји се подготвуваат за влез во НАТО, откако политичките раководства се изјаснија за брз прием во Алијансата.

„Тие ќе разговараат за кандидатурите на Финска и Шведска за членство во НАТО и европска безбедност, како и за поддршката за Украина која е нападната од Русија“, изјави Жан-Пјер.

Финскиот парламент денеска гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде денеска ја потпиша апликацијата на нејзината земја за членство во НАТО.

Со приемот на лидерите на двете нордиски земји, Бајден сака да покаже дека силно го поддржува нивниот прием во Северноатлантската алијанса.

Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија на Украина радикално го промени јавното мислење за приклучување кон воен сојуз.

Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.

Жан-Пјер додаде дека администрацијата на Бајден верува дека НАТО ќе постигне консензус за прием на Финска и Шведска.

(Фото – ЕРА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прваче или претседател: Бајден се потруди…

Американскиот претседател, Џо Бајден се врати во…

Бајден вели: Санкциите против Русија влијаат и…

Соединетите држави и Европа знаеле дека воведувањето…

Да не го турна Путин: На социјалните…

Американскиот претседател Џо Бајден падна од велосипед…

(Видео) Изгледа му требаат помошни тркала: Бајден…

Претседателот на САД, Џо Бајден во текот…

Бајден бара решение: Како до олеснување на…

Американскиот претседател, Џо Бајден денес изјави дека…