БГНЕС објави “документ” од 1934: Македонците од Австралија пишувале на македонски дијалект на бугарскиот јазик

Леток дистрибуиран меѓу странците во Мелбурн, отпечатен на “македонскиот дијалект на бугарскиот јазик”, тврдеше дека Комунистичката партија на Австралија е единствената партија во Комонвелтот која ги штити интересите на сите странци, вклучително и Македонците, пишува БГНЕС каде е ојавен и дел од некаков документ чија автентичност секако не е потврдена.
Ова се наведува во писмото на Канцеларијата на јавниот обвинител во Канбера до министерот за внатрешни работи на Австралија од март 1935 година, чиј текст го доби БГНЕС, велат оттаму.
„Во септември 1934 година бевме информирани дека група Македонци во Мелбурн поднеле барање до полицијата за дозвола да формираат Македонски политички клуб.
Жалителите доставија копија од уставот и подзаконските акти на Сојузот на македонските политички организации на САД и Канада и изјавија дека предложениот клуб ќе донесе таков устав.
Главните точки во уставот се однесуваат на слободата на Македонија и формирањето на Република Македонија“, се вели во документот.
Обвинителството посочува дека меѓу странците во Мелбурн биле дистрибуирани „флаери печатени на македонскиот дијалект на бугарскиот јазик“, во кои се тврди дека Комунистичката партија на Австралија е единствената партија во Британскиот Комонвелт која ги штитела интересите на сите странци, вклучително и Македонците.
Во него се наведува дека се барале информации „во странство за можноста македонското движење да биде инспирирано од Коминтерната“, бидејќи на тогашните власти им било добро познато дека Комунистичката партија се обидувала да користи такви национални политички клубови за да ги постигне своите цели.
„Добро ни е познато македонското прашање и не ја изгубивме од вид можноста еден таков клуб да стане плодна почва за македонските револуционерни заговори и на тој начин да ја вклучи Заедницата во меѓународен спор“, се додава во писмото.
Се нагласува дека нема правна основа да се одбие формирањето на таков клуб, но властите во Австралија внимателно ќе ги следат неговите активности и навремено ќе го информираат Министерството за внатрешни работи „за секој развој на настаните“, пишуваат од БГНЕС.

Автентичноста на докуметот не е потврдена, ниту пак е објавен целиот документ, што дава простор за сомнеж дека ова е дел од бугарската пропаганда која е осовено засилена во последно време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…