Објавено на:

БЕВМЕ ЈАСНИ, ЌЕ ИМА ПОСЛЕДИЦИ: Хил вели дека САД се апсолутно против потезите на Курти

t

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска во Белград изјави дека САД се „апсолутно против“ потезите на владата на косовскиот премиер Албин Курти.

Хил потсети на зборовите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Приштина ќе ги сноси последиците за потезите што се спротивни на советите на САД.

– Многу јасно ѝ ставивме до знаење на Приштина дека сме апсолутно против потезите на владата на Курти. Секретарот Блинкен исто така беше многу јасен дека тоа ќе има последици за односите со Приштина – изјави Хил во Белград.

Тој исто така рече дека САД ги осудуваат нападите на граѓаните врз војниците на КФОР и НАТО на северот на Косово и нагласи дека таквите акции мора веднаш да престанат.

Тој додаде дека е „исклучително важно“ двете страни да разберат дека единствениот пат напред е преку бриселскиот дијалог и со создавањето на Заедницата на српските општини, изразувајќи надеж дека Србија ќе остане фокусирана на продолжување на европскиот пат.

Претходно, косовскиот премиер Албин Курти реагираше на изјавита на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во врска со ситуацијата. Тој ја оцени неговата забелешка дека одлуката за употреба на сила е донесена „против советите на САД“ како „наивна и бескорисна“.

Курти денеска се сретна со Жозеп Борел, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност. Борел по средбата на Твитер го објави следното:

„Сегашната состојба е опасна и неодржлива. Потребна ни е итна деескалација и решение преку дијалог, како и да се вратиме на работа на имплементација на постигнатиот договор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 1.000 загинати во земјотресот во…

Бројот на загинати во земјотресот со јачина…

Од вечерва започнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува ноќеска во…

Денеска се празнува Светиот апостол Аристовул

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Брат на светиот…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Поранешниот директор на полицијата во Црна Гора…

Поранешниот директор на Полициската управа на Црна…