Без испален куршум ѝ донесе независност на Македонија: Кој беше Киро Глигоров?

t

„Десет години по смртта на првиот претседател на независна Македонија, во Скопје се уште нема споменик на човек чија политичка кариера траеше половина век.

Во градот на спомениците, за него нема место. Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Македонија, кој успешно, без војна, ја извади својата земја од југословенската федерација на почетокот на 90-тите години на минатиот век“, пишува Би-Би-Си на српски јазик.

Неговата кариера започнува пет децении порано, преку неговите активности во македонското комунистичко движење за време на Втората светска војна, а потоа и преку високите политички функции во комунистичка Југославија, министер за финансии, претседател на Собранието, член на Претседателството на Сојузот на комунистите, стои во текстот.

Под негово раководство, Македонија успеа да го постигне она што ниту една друга југословенска република не успеа да го направи, мирно да ја добие независноста, среде страшна војна.

„Неговиот такт и интелигенција ги внесе земјата и народот во меѓународната заедница како суверена држава, што дојде по бројните обиди да се зачуваат врските меѓу членовите на федерацијата“, се сеќава тогашниот шеф на македонската дипломатија Денко Малески.

Повеќе прочитајте ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР ја искара Македонија: Се однесуваа…

Остра реакција на бугарското МНР по тензијата…

Бугарскиот МВР ироничен: Ќе ви подариме три…

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и…

(Видео) Еве како Ангел Христов и останатите…

Неколку бугарски медиуми и провокатори на социјалните…

(Видео) Нова надеж за уставобранителите: Иницијаторите на…

Сите се сеќаваме на Тиранската платформа која…

Поранешен бугарски заменик МНР: Очекувам судири за…

„Очекувам судири по повод прославата на 151-годишнината…