Без струја делови од општините Кисела Вода и Ѓорче Петров

Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Ѓорче Петров.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, без струја во период од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата „Востаничка” од бр. 29 до бр. 33, улица „Ениџе Вардарско” бр. 10, „Ениџе Вардарско” бр. 8 и дел од улицата „Серска”.
Од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Саса” – подулички бр.6, 12, 14, 16, 18, 24, 26, 28, 30, улица 1440 и дел од улицата „Јабланица”.
Во период од 09:00 до 10:00 часот дел од улицата „Крсто Раковски”, а од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Антон Димитров” – од крстосница со улицата „Живко Фирфов” до крстосница со улицата „Румена Хаџипанзова”.
Причина за прекинот се техничките зафати во електро дистрибутивната мрежа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведска се подготвува за војна со Русија!…
Очекувајќи дека светот се движи кон точка…
Mинистерство за здравство: Шест пациенти се враќаат…
Уште шест пациенти кои беа повредени во…
Четири дена молк од Владата за екоцидот…
Четири дена поминаа од еколошката хаварија во…
Гаревски: Бројот на жртви од земјотресот во…
Најмалку 1.700 луѓе загинаа во разорниот земјотрес…
СДСМ: И по една година, Мицкоски уште…
„Мицкоски вчера од Штип повторно се обиде…