Бектеши: Ако треба ќе има дополнителни антикризни мерки

t

Во Министерството за економија денеска ќе направиме анализа, а утре на седница на Владата ќе информираме како се спроведуваат мерките кои се во функција, а ако треба ќе донесеме и дополнителни мерки, со цел да ги намалиме ценовните шокови, посебно за производите за кои е замрзната маржата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Ги објавивме 26-те мерки за заштита на стандардот на граѓаните во глобалната економска криза. Ние имаме и други механизми во Министерството за економија, но и во другите институции, како автономните мерки со кои можеме целосно да укинеме некои царински давачки кои се предвидени, имајќи предвид дека нашата држава, главно, трговијата ја има со ЕУ, согласно со договорот за стабилизација и асоцијација и согласно договорот со ЦЕФТА, рече Бектеши во одговор на прашање при денешната посета на прехранбената индустрија „Витаминка“ од Прилеп заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

Тоа, како што кажа, може да се прошири во случај ако продолжи војната во Украина.

-Би требало како и другите држави да мораме дополнително да се снабдиме со суровини и финални производи. Денеска во Министерството за економија ќе направиме анализа, а утре на седница на Владата ќе информираме како се спроведуваат мерките кои се во функција, а ако треба ќе донесеме и такви мерки, се со цел да ги намалиме ценовните шокови, посебно за производите кои се утврдени во одлуката и за кои е замрзната маржата, рече Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) Прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски

Следете ја во живо прес-конференцијата на премиерот…

Трагедија: Скопјанец пронајден мртов во стан

На 03.10.2022 во 23.08 часот во Полициска…

Рускиот Рибар: Украинците користат американска технологија, секоја…

Руски "Рибар" на Твитер детално ја објаснува…

Парно ќе има, грејната сезона почнува на…

АД ЕСМ и Адора постигнаа договор за…

Косово со закон ќе го забрани штрајкот…

Родителскиот совет на Косово повика денеска враќање…