Бектеши очекува намалување на цените на млекото!

t

Во делот на млекото и млечните производи очекувам веднаш да има намалување на цените, посебно сега со новиот Закон за заштита на потрошувачите, информира вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој изјави дека во Секторот за трговија барал да извадат податоци за делот на цените кои се увезени во нашата земја.

-Во моментот кога ќе биде на сила одлуката од 1-ви декември, дополнително да има намалување во делот на млекото и млечните производи. Мислам дека таму има големи маржи, спротивно на тоа што е донесено како одлука на Владата. Веќе има насока Државниот пазарен инспекторат да влезе и да ги направи контролите, но се чекаше да помине Законот за заштита на потрошувачите. Вчера помина законот и веднаш ќе почне да постапува ДПИ, каде што ќе има и соодветни санкции. Завршени се сите обуки за инспекторите од ДПИ. Мислам дека од наредната недела ќе почнат да постапуваат согласното законско решение, рече Бектеши во емисијата „360“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Цената на млекото и лебот намалена…

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска порача…

Бектеши очекува намалување на цените на млекото!

Во делот на млекото и млечните производи…

Продолжува забраната за извоз на млеко од…

Владата на Србија на денешната седница ја…

Нема неоправдано зголемување на цените на млекото,…

Државнинот пазарен инспекторат не нашол неоправдано зголемување…

Млекото, сирењето, кашкавалот ќе станат луксуз: Нов…

Поскапуваат дел од млечните производи од следната…