Бектеши: Рамиз Мерко особено инсистираше дуќаните во туристичките места да можат да работат во недела

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска во „10 минути“ на ТВ21 објави дека веќе е испратен предлог до Собранието во туристичките места да се работи и во недела. Бектеши рече дека се надева дека истиот предлог ќе добие поддршка од опозицијата бидејќи е во интерес на развојот на туризмот во земјава.
„Тоа е барање на градоначалниците, особено на градоначалникот Мерко, но и на бизнис заедницата која работи во Струга и Охрид, но не се работи само за Струга и Охрид, туку и за други дестинации, туристички дестинации“, рече Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казни од 800 до 10.000 евра за…
Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…
Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…
Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…
Meрко ќе плаќа инфлуенсерки за да го…
Локалните власти во Струга за туристичка промоција…