Белата куќа не ја исклучува можноста американски трупи да влезат во Израел

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека не ја исклучува можноста американски војници да бидат распоредени за да помогнат во ослободувањето на заложниците во војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас, објави „Хил“.
Запрашан од Фокс њуз дали целосно ја отфрли можноста за вмешаност на американските сили на теренот, Кирби рече оти „не може да исклучи ништо кога станува збор за враќање на нивните заложници дома“.
-Ние работиме на ова прашање буквално секој час, рече Кирби, додавајќи дека САД во оваа фаза немаат доволно информации, како на пример каде се точно заложниците, ниту колку има.
Се верува дека Хамас држи како заложници над 100 луѓе, меѓу кои цивили, израелски војници и непознат број Американци.
Во саботата, американскиот Стејт департмент соопшти дека 15 Американци се уште се водат како исчезнати, но Вашингтон нагласи дека тоа не мора да значи дека тие биле киднапирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…
ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…
Jа клоцал, ја влечел за коса па…
Полицијата во Земун го уапси С. Н.…
Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…
„Росавијација“ ја објави причината за падот на…
Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…