Објавено на:

Белгија одобри членство на Финска и Шведска во НАТО

t

Советот на министри на Белгија официјално го одобри нацрт-законот за пристапување на Финска и Шведска во Северноатлантската алијанса (НАТО) поради нивното барање за приклучување по руската инвазија на Украина.

Во петокот попладне беше објавено дека на предлог на премиерот Александар Де Кро и министерот за одбрана Лудивин Дедондер, Советот на министри го одобрил нацрт-законот за пристапување на двете земји, откако Турција се откажа од своето противење на нивното барање за членство.

„Фактот што Финска и Шведска се приклучуваат на НАТО го прави европскиот континент побезбеден“, рече Де Кро во изјавата по објавувањето. „Некои луѓе се надеваа дека ќе нè растргнат. Резултатот е дека никогаш не сме формирале пообединет блок од денес, а НАТО е посилен од кога било“, пишува Брисел тајмс.

Финска и Шведска официјално побараа да се приклучат на трансатлантската алијанса во мај по руската инвазија на Украина, барање кое беше поддржано од Белгија.

Претходно оваа недела, за време на самитот во Мадрид, сите земји-членки на алијансата се согласија официјално да ги поканат Финска и Шведска да се приклучат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да им се спротивставиме на ѓаволите: Муслиманските…

Муфтиите од Кавказ ги повикаа муслиманите да…

И САД ја пуштија низ вода: Сега…

Процедурата за прием на Украина во НАТО…

Кисинџер: Неразумни се обидите на САД да…

Обидите на Вашингтон да ја вклучи Украина…

Гасоводот станал решето: Шведска тврди дека открила…

Шведската крајбрежна стража наводно открила четврто истекување…

Нуклеарен армагедон? НАТО да одговори разорувачки ако…

На евентуална руска употреба на нуклеарно оружје…