Бензините и дизелот со нови цени од полноќ – ова се новите цени

t

Од полноќ поевтинуваат бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар.

Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 80 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 82 денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,262 ден/кг и ќе изнесува 45,349 ден/кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…

Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…

„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…

Студентите од белградските факултети се собраа пред…

ДУИ незадоволен од тоа што не е…

ДУИ е незадоволен од тоа што не…

Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените,…

Владата засега нема да донесе одлука за…