БЕСА бара обединување на албанските партии за да се симне ДУИ од власт

t

Претставникот на Движењето БЕСА, Абдуш Демири, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, рече дека најлоша партија од албанскиот блок во земјава е ДУИ, која според него, иако долго време е на власт, не успеа да ја промени состојбата на Албанците. Демири во името на Движењето БЕСА уште еднаш ги повика сите албански опозициски партии да се обединат за да ја испратат, како што рече, ДУИ во опозиција.

„Движењето БЕСА во континуитет го повторува својот став дека е за соработка на албанските опозициски политички партии, во другите дебатни емисии и прес-конференции имавме наш јасен предлог дека сме отворени за секаква политика, во овој случај го споменавте и Алтернатива. Сметаме дека злото на Албанците е ДУИ која долго време остана на власт и состојбата на Албанците никогаш не може да се подобри. Затоа, постојано повикуваме на обединување на албанскиот политички фактор, без ДУИ во овој случај, за да излеземе заедно на следните парламентарни избори конечно да ја испратиме ДУИ во опозиција“, изјави Демири.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија, ДУИ го осуди насилството: Проруски партии…

„Демократската унија за интеграција најостро го осудува…

Биљали-Зендели: Ние од ДУИ по ниту една…

Ги слушаме пораките од граѓаните околу францускиот…

Според ДУИ францускиот предлог е во рамки…

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја поздравува…

И за во Лекарска комора требаат врски…

Вицепремиерот Артан Груби лобира Калина Гривчева Старделова…

Алијанса за Албанците: ДУИ го штитат партизираното…

Координаторот на срамот, криминалот и корупцијата Арбер…