Бесими: Конфликтот во Украина влијае врз цените на храната и енергенсите
Мерките и политиките што ги спроведува земјата за справување со енергетската и ценовната криза, можностите и потребите за поддршка во реализација на тие мерки, како и плановите за враќање на патеките на економски раст, биле прашањата на кои се дискутирало на средбите во Вашингтон на министерот за финансии Фатмир Бесими со извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе, потпретседателот на Светска банка Ана Бјерде, регионалниот директор за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи.
– Конфликтот во Украина, неговото времетраење и неизвесноста што ја наметнува влијае на економијата на нашата земја, како и врз цените на основните прехранбени производи и енергенсите, кои и претходно веќе бележеа раст. Владата навремено одговори преку пакет мерки од 400 милиони евра, со средства обезбедени од Буџетот, но несомнено одолговлекувањето на кризата, прави дополнителен притисок и создава потреба од дополнителни финансиски средства, рекол министерот Бесими, кој ги финализирал договорите околу користење на инструментот Макрофинансиска поддршка од Европската комисија, како и финансиска поддршка од ММФ, кои ќе дадат силен сигнал за понатамошно продолжување на добрите макроекономски политики.
Како што соопштија денеска од Министерството за финансии, тој потенцирал дека Владата на среден рок останува посветена на структурните реформи, забрзан економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Несомнено е, подвлекол Бесими, дека економските последици од војната во Украина влијаат на проекциите и на истите е извршена надолна ревизија, следејќи го трендот на ревизија на проекциите на глобално ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…