Бесими: Со новиот ребаланс на Буџетот нема да има пари за мебел и возила, ќе се трошат за енергенси

t

Со ребалансот на Буџетот ќе се кратат средства за мебел и возила, а ќе се додаваат за електрична енергија и енергенси, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во гостувањето на ТВ Сител, Бесими, кој учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, истакна дека ребалансот ќе биде доставен до Собранието веројатно до крајот на мај и со него е предвидено линеарно намалување на тековните расходи.

-Со ребалансот ќе се сведат на минимум или на нула средствата за возила и за мебел, а ќе се кратат и други ставки, додека кај трошоците за електрична енергија и енергенси ќе се додадат, нагласи министерот.

Според Бесими, со ребалансот веројатно ќе има потреба и за зголемување на дефицитот. 

Извор: Независен.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го усвои дополнителниот ребаланс на Буџетот

Дваесет и пет милиони денари дополнителни средства…

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за…

Владата го усвои предлогот за изменување и…

Бесими обелодени: Наместо од златните чинии Владата…

Фатмир Бесими, министер за финансии во интервју…