Бизнис секторот против најавената даночна реформа: Нема профит, затоа сите бегаат во странство

t

Министерството за финансии изготви концепт-предлог за даночна реформа која, според предвиденото се очекува да се воведе следната година. Во тек е дебата со сите засегнати страни, но веќе пристигнаа и првите реакции од бизнис секторот, од каде велат дека во ек на енергетска и економска време, не е време за вакви реформи. Угостителите се жалат дека по ударот од пандемијата, не е време за даночна реформа, бидејќи, како што велат, тоа би било дополнителен товар за угостителско-туристичкиот сектор.

Според нив, ваквите законите се на штета на бизнисот, особено малите бизниси, со што се стимулираат луѓето да заминуваат во странство.

Предлог-концептот за даночна реформа ќе биде дефиниран по завршувањето на јавната расправа и откако ќе биде претставен пред сите засегнати страни во општеството. Јавната дебата започна на почетокот на овој месец и ќе трае до средината на септември, по што се очекува да се излезе со предлог законски решенија. Реформата ќе се спроведува етапно во период од 2023 до 2025 година. Експертите за време на јавните дебати, изразија загриженост дека ова може да предизвика бројни компании да стават клуч, а од друга страна, пак, како што рекоа, претставува закана и за зголемувањето на сивата економија.

Извор: TV 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предупредување од Светска банка:“Храната може да поскапи…

Светската банка предупреди дека светот се соочува…

Официјално 16.000 луѓе добиле отказ поради пандемијата,…

Агенцијата за вработување денеска соопшти дека 16.000…

Генералштабот реферираше кај Претседателот за борбената готовност…

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска…