Објавено на:

Билбија: На Русија не ѝ се потребни територии, туку безбедносни гаранции

t

Русија ќе застане во моментот кога ќе сфати дека е сосема безбедна, вели Бојан Билбија, уредник на политичката колумна во весникот „Политика“ во врска со прашањето – до каде ќе оди Владимир Путин во Украина, поставено на форумот „Валдај“.


„Русија има доволно сила и моќ да издржи во тој конфликт онолку колку што е потребно. Сега гледаме дека ниту во главните градови на НАТО нема повеќе ентузијазам за натамошно финансирање на Украина и нејзината војна…“, додава Билбија.


Билбија потсетува дека Путин во пресрет на специјалната воена операција побарал безбедносни гаранции за Русија и цела Европа, но не ги добил. НАТО продолжи да се шири кон исток, додека Украина официјално ги изрази своите аспирации да биде членка на НАТО алијансата.
„И тој побара едноставни работи – да се направи таков договор што ќе ја спречи можноста Русија да биде загрозена од територијата на Украина. „Бидејќи тој доби негативен одговор од Бајден, како и од другите лидери на НАТО алијансата, неизбежно беше Русија да ги преземе сите неопходни мерки за да ја обезбеди својата безбедност“, вели Билбија.


Во западната јавност постојано се презентира дека наводно Путин сака повеќе територии, дека има малку територии, но ако се гледа реално, Русија мирно дозволи распад на СССР.
„Таа можеше и тогаш… Тогаш имаше уште поголема војска, имаше милиони војници и огромно вооружување на целиот Варшавски пакт во рацете. Таа можеше да направи војна како што сака и всушност да ги запре овие отцепувања со сила. Таа не го направи тоа верувајќи во добри односи со Западот, верувајќи дека ќе се појави нов свет, свет на мир и соработка. Тоа не се случи, а потоа стана сосема јасно дека ако Русија повеќе чекаше, ќе се најде во ситуација да биде загрозена, а тоа е филозофијата на Путин и изјавата на Бизмарк што често ја цитира: „Намерите не се важни, туку потенцијалите се важни“. Ако некој има потенцијал да ја уништи Русија, тој едвај чека да види дали навистина има намера или не“, вели Билбија.


Затоа, според Билбија, единственото вистинско решение било Украина да остане неутрална земја во добри, пријателски и братски односи со Русија.
„Од Русија беше побарано само да не доаѓа никаква закана од таму, но беше одбиена од сите адреси. Западната јавност постојано ја шири приказната дека Русија сака да заземе некоја територија од обична алчност… Напротив, на Русија апсолутно не и се потребни нови територии, но и треба целосна безбедност за своите граѓани. Ако погледнеме што се случи во 1990-тите, кога Москва се согласи на сè и кога следеа навидум идилични односи со Западот, од Запад следеше изобилство финансирање на тероризмот во Северен Кавказ, во Чеченија и во другите републики. Имаше бунтови, поттикнување на сепаратизам, а потоа се прашува – зошто го напаѓаат територијалниот интегритет на Русија?!“, се сеќава Билбија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…

Македонската амбасада во Киев погодена во руски…

Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…