Бил многу уморен: Еве зошто Таче не беше на гробот на Делчев

t

На вчерашното одбележување на смртта на нашиот најголем основач на македонската национална борба имаше претставници на Владата на ниво на министри и заменици-министри, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање зошто вчера не присуствувал на чествувањата на гробот на Гоце Делчев.

– Јас се вратив, бев во Александрополис, на 3 мај беше настанот што траеше во текот на целиот ден, меѓутоа Владата имаше претставници на ниво на министри, заменици-министри на сите места каде што се чествува Гоце Делчев. Исто така и јас имав изјава која што беше проследена од медиумите, од МИА итн., на која што го одбележав овој голем ден, вчерашниот голем ден за македонскиот народ и за македонската револуционерна борба бидејќи вчера одбележавме смрт на нашиот најголем основач на македонската национална борба којшто цел свој живот го посветил и го дал за независна македонска држава во која што денес ние живееме, истакна Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гаревски: Мислам дека нема простор за…

Мислам дека нема простор за паника, но…

УЕФА ќе ја исфрли Барселона од ЛШ!?

Шпанските медиуми пишуваат дека Европската куќа на…

Бабунски избран за најдобар фудбалер во Дебрецин

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски ја доби наградата…

Бочварски си платил казна за вработувањето на…

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски,…

Коста не бил жртва на булинг во…

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“…