Објавено на:

Бислими: Косово и Србија постигнаа договор

t

Делегациите на Белград и Приштина во Брисел договорија патоказ за имплементација на енергетскиот договор.

Со задоволство можам да објавам дека Белград и Приштина штотуку усвоија енергетски договор. Ова е голем чекор напред, напиша Лајчак.

Се огласи и вицепремиерот на Косово и главен преговарач на косовската страна во дијалогот со Србија, Бесник Бисљими, кој рече дека е постигнат енергетски договор со Србија и дека oд сега на општините во северно Косово ќе им се наплаќа за струја.

Бисљими на Твитер напиша дека денеска во Брисел е одобрен Патоказот за спроведување на енергетскиот договор во согласност со регулаторниот систем на Косово.

Конечно, го одобривме Патоказот за спроведување на енергетските договори од 2013 и 2015 година. Ова овозможува фактурирање на електрична енергија во четири општини во северно Косово, во согласност со законите и регулаторниот систем на Косово, рече тој.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, утрово во Брисел се сретна со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, во рамките на новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина на техничко ниво.

Претходно Лајчак во зградата на Европската служба за надворешни работи имаше билатерална средба со главниот преговарач на Приштина, Бесник Бислими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограничен е влезот на возила во регионот…

Според официјалната мрежа на локалната власт на…

Ковачевски најави забрана за набавка на морски…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на вонредната прес…

Јакимовски за референдумската иницијатива на Левица: Доста…

Лидерот на ГОРМ, Стевчо Јакимовски смета дека…

Ковачевски најави субвенции на сметките за струја

Темата на вечерашната вонредна прес-конференција е енергетската…