Битиќи: Замрзнувањето на цените е штетно и неодржливо на подолг период

t

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вчера вечер во гостување во емисијата „24 анализа“ најави дека Владата ќе преземе нов пакет мерки во однос на цените на основните прехранбени производи, кои се издржливи и подолгорочни.

-Не можете да ја замрзнете цената и да ја држите две години. Никако, не е возможно. Имаме веќе донесена одлука – одлуката за замрзнување на маржите на добивка е на сила веќе три месеци. И млечните и житните производи се дел од тоа, појасни Битиќи.

Вицепремиерот вели дека замрзнувањето на цените е штетно и неодржливо на долг рок.

-Затоа гледаме на компаниите да им помогнеме за да ја намалат производната цена, за да нема понатамошен импакт. Енергетскиот додаток да се дава за сите ранливи категории, дополнително креиравме мерка за дополнителен енергетски додадок. МТСП утре на владина седница ќе дојде со акциониот план, со кој 2,4 милијарди денари ќе се поделат за ранливите категории на граѓани до крајот на годината, рече меѓу другото Битиќи во емисијата „24 анализа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од полноќ нови цени на горивата!

 Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе…

Левица: Лихвобанкарите од 2010 година досега оствариле…

Додека банките бележат рекордни профити СДС и…

Бектеши најавува намалување на цените: Од утре…

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од…

Лукаревска од Липково: Очекуваме економски раст и…

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска…

Ковачевски: Откупот на тутунот со највисока просечна…

 Постигната е највисока откупна цена на тутунот…