Битиќи им се закани на вработените во детските градинки, основните и средни училишта ако излезеат на штрајк

t

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостување со емисијата Анализа на ТВ 24 им се закани на вработените во детските градинки и просветните работници во основните и средни училишта ќе добијат замена доколку штрајкуваат, откако претходно претседателот на СОНК Јаким Неделков порача дека СОНК веќе не може да чека и утре ќе донесе одлука за можен генерален штрајк бидејќи владата еден месец нема слух за нивните барања, посочувајќи дека не може веќе на членовите на синдикатот да им ги пренесува пораките од владата дека во иднина ЌЕ се договорат.

СОНК нема да учествува во протест ама им дава поддршка, бидејќи се подготвувале за нешто посериозно, собирале одлуки од членството за генерален штрајк, во детска заштита, основно и средно образование, најверојатно и високо образование. Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука за штрајкот кој што ќе го организира СОНК. Генерален штрајк значи се она што е предвидено во ЗРО во делот на штрајк каде што работниците го прекинуваат работниот процес и револтот го искажуваат со прекин на работа, тоа значи дека детските градинки ќе бидат отворени но вработените нема да примаат деца, просветните работници ќе бидат на работа ама нема да се одвива настава. Би сакал да кажам дека ние по пат на преговори да дојдеме до заедничко решение, со министерот за образование кој што е конструктивен имаме добра комуникација но не можеме да најдеме решение бидејќи нема средства и затоа топката е префрлена на влада. И повторно велам за жал повеќе од 1 месец немаме ништо конкретно поставено на маса, и секогаш е она ЌЕ договораме, ЌЕ преговараме, ЌЕ биде она, ЌЕ биде ова, и лично ние како синдикат не можеме тоа да им го пренесуваме на членството. Мораме да извршиме притисок врз надлежните тоа е причината за штрајкот за да изнајдеме решение прифатливо за сите, вели Неделков.

На ова Битиќи порача дека вработените во детските градинки, како и просветните работници се одлучат на ваков чекот, тогаш ќе бидат заменети.

Секој еден од нас треба одговорно да се однесува. Ако во енергетска, воена, економска криза зададеме уште еден удар на нашите сограѓани и неработењето на центрите за детска заштита ќе значи токму тие кои што треба да отидат на работа, а не може да отидат на работа затоа што ќе будат со нивните деца дома е ускратување на право и ќе ги погоди со нивните маки уште една дополнителна мака. И јас морам да кажам дека за тие кои не читаат закони, ние мораме да читаме закони, членот 25 од законот за средно образование вика во случај на прекин на воспитно образовната работа заради штрајк директорот на средното училиште по претходна согласност од градоначалникот, а за државните средни училишта од министерот е должен да го обезбеди остварувањето на воспитно образовната работа со замена на вработените кои штрајкуваат за време додека трае штрајкот, дециден е Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УШТЕ 70.000 ЧЕЧЕНСКИ БОРЦИ се подготвени да…

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека…

Голем успех: Сребро и бронза за македонските…

Од завршеното Светско првенство во кик бокс…

Лиз Трас смени министер бидејќи недолично се…

Британската премиерка Лиз Трас го смени министерот…

Сакам да сум денес динамит и сè…

Професорката по македонски јазик Билјана Котлар-Сакоман за…

Пентагон: Путин не донел одлука за употреба…

Пентагон оцени дека нема знаци дека рускиот…