Битиќи: Од следната недела оперативни кредитни линии за стопанството

t

Од следната недела ќе бидат оперативни неколку кредитни линии од Развојната банка наменети за стопанството, најави денеска од Струмица вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Овие кредитни линии во вредност од околу 46 милиони евра, според Битиќи, ќе му помогнат на стопанството да се справи со енергетската криза и со последиците од руско-украинскиот конфликт, но и да се подготви за зелената транзиција.

Одговарајќи на новинарски прашања, Битиќи обелодени дека се прават и детални анализи за да се супституираат дел од суровините од други земји кои претходно не биле атрактивни.

Свесни сме дека ние сме мала економија, доста зависна. Вредносните ланци се поврзани нашироко во светот. Кризата во Украина секако дека ќе го прекине вредносниот ланец. Со носењето на економските мерки пред две недели рековме дека ќе обезбедиме колку што е возможно да се супституираат дел од суровините од други земји коишто претходно не биле атрактивни. Наспроти носењето на суровини од ЕУ, од ЦЕФТА земјите и неколку земји со коишто имаме договори, имаме доста држави во коишто имавме и многу високи царински тарифи. Веќе правиме детални анализи за укинување на царинските тарифи и укинување на квотите за да обезбедиме супститут на суровини – истакна Битиќи.

Автомобилскиот сектор, според него, е предност која треба да се искористи во услови кога е прекинат вредносниот ланец по случувањата во Украина.

Ова е светска криза, насекаде се случува. Ние треба да ги видиме заеднички можностите како да ги искористиме. Во автомобилскиот сектор, на пример, веќе се појавуваат првите можности за нашата земја затоа што тоа што се случи во Украина и прекинувањето на вредносниот ланец во автомобилскиот сектор сметам дека за нас е конкретна предност и мислам дека тој ќе биде еден од сегментите којшто ќе го искористиме – рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Ој бе, легнете си со жените:…

Нов статус на пратеникот и лидер на…

(Фото) Путин потпиша декрети за признавање на…

Путин потпиша декрети за признавање на окупираните…

Бајден: Иан можно е да биде најсмртоносниот…

Тој рече дека бројките се уште не…

Гутереш: Нема место за анексии во современиот…

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе иницира…

(Видео) Автомобил се движи ,,рикверц” на патот…

На Фејсбук страницата на Гласот на Америка…