Битиќи ја информирал Мелсом: Македонија е вистинска дестинација за норвешките инвеститори

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи одржа работен состанок со Кристин Мелсом, директорка на норвешкото Министерство за надворешни работи задолжена за Југоисточна Европа. На состанокот беа присутни и Томас Холм Кнудсен, директор на инвестицискиот фонд на Норвешка, како и Бесим Зекири претседател на управниот одбор на норвешката компанија „Нормак“, Аки Етеми, претседател на управниот одбор на „Нормак инвестмент груп“ и директорот на ТИРЗ-Тетово, Александар Зарков.
ТИРЗ-Тетово е првата индустриска зона со јавно приватно партнерство која успешно работи во земјава и на состанокот беше искажано задоволство за успешната соработка во овие години.
Вицепремиерот Битиќи истакна дека партнерскиот однос ќе продолжи и во иднина, заедно надминувајќи ги сите предизвици кои можеби доаѓаат посочувајќи ја отвореноста за сите заинтересирани инвеститори кои сакаат да инвестираат во земјава.
Директорката Мелсом упати отворена покана за бизнис средба со потенцијални инвеститори и партнери во Норвешка со цел продлабочување на соработката и развој на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…