Битолчанецот на кој наместо вода му било дадено корозивно средство е во стабилна состојба

42 годишниот битолчаенц кој пред пет дена имаше труење со корозивно средство во кафе бар во Битола, е во стабилна состојба но со големи оштетувња на хранопроводот и желудникот, потврдија докторите од Јкиниакта за токсикологија.
Засега не може да се каже со какви и кои последици ќе се соочи човекот, велат токсиколозите. Последиците од ваквите труења се манифестираат подоцна.
Битолчанецот во вторникот попладне седнал во кафе барот каде нарачал кафе и вода. По правата напиена голтка вода тој почувствувал лош и болен вкус и почнал одма да повраќа. Тој добил силни болки и печење во грлото, хранопроводот и целиот стомак и одма бил однесен во битолската болница, а потоа со возило на итна помош бил пренесен на Клиниката за токсикологија.
Корозивните средства во контакт со ткивата на човечкиот организам прдизвикуваат голема повреда и оштетувања. се група на хемикалии кои имаат својство да предизвикаат повреда на ткивата при контакт со хемиска реакција. Од МВР за канал 5 потврдија дека за настанот бил запознаен јавен обвинител. СВР Битола направила увид на местото со цел да се објасни како корозвино средство било послужено како вода на масата каде седел 42 годишниот битолчанец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битолчанецот на кој наместо вода му било…
42 годишниот битолчаенц кој пред пет дена…
Ситуацијата на Исток не е добра –…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека целиот…
Фронт за Европа главна тема: Почна седницата…
Партиските функционери на Демократската унија за интеграција…
(Видео) Еден град е целосно уништен: Силно…
Најмалку 23 лица загинаа во силно невреме…
Страшно: Кумановската полиција работи на откривање на…
Полицијата во Куманово работи на случајот за…