Битолчанец загина во тешкаа сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Крушево

Маж загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21 часот на патот Прилеп-Крушево. Според информациите од МВР, загинатиот е 46-годишен маж од Битола, со иницијали Д.Т. кој управувал „киа“.
Тој се судрил со „ауди“ во кое бил 43-годишен прилепчанец. Мажот од Битола по несреќата бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде што починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Исто така, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Прилеп во возилото „ауди“, а возачот И.Б. и сопатниците И.Б.(38) од Прилеп и уште еден малолетник се здобиле со телесни повреди, кои им биле констатирани во Градска Болница-Прилеп.
Бил извршен увид од страна на полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичниот суд му го одзема пасошот на…
Кривичниот суд го прифати барањето на скопското…
Србија забележа раст на бројот на странски…
Директорката на Туристичката организација на Србија, Марија…
СДСМ: Скандалозно, ДПМНЕ смени закон за ВЛЕН…
Прес конференција на СДСМ, Розалија Ангеловска –…
Дрвокрадци нападнале шумски полицајци со моторна пила
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против…
„Гаспром“ соопшти дека од 1 јануари ќе…
Рускиот енергетски гигант Гаспром денеска соопшти дека…