Објавено на:

Бишевац: Блокадата на Собранието нема суштински да смени многу – Потребни се избори

t

Поранешниот пратеник Сафет Бишевац во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 рече дека работа на најголемата опозициска партија е да ја одреди тактиката и стратегијата за тоа како најдобро ѝ се спротивстави на власта.

„Звучи грубо, но во суштина бојкотот беше оружје на опозицијата и тоа доаѓа кога немате друг избор, за да дојдете до посакуваната промена. Легитимно е како чекор. Потребни се парламентарни избори,“ рече Бишевац.

Според Бишевац, блокадата на Собранието нема суштински да смени многу, затоа што последниот состав на Собранието го гледа како најобична гласачка машинерија.

„Не сакам да бидам груб, но пратениците се сведени на апсолутни послушници, кои ги извршуваат желбите на извршната власт“, рече Бишевац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ