Објавено на:

„Би-Би-Си”: Велика Британија му испраќа сигнали на Кремљ да не очекува постигнување придобивки преку насилни средства

t

Властите во Лондон се обидуваат како неуспех да ја прикажат руската воена агресија врз Украина, но ретко успеваат да појаснат што тоа практично значи, пишува „Би-Би-Си”.

Според Британскиот јавен сервис, исклучок е шефицата на британската дипломатија Лиз Трас, која во своите изјави е концизна посочувајќи дека Русија треба „во целост” да биде истисната од Украина.

Трас синоќа дури отиде чекор подалеку, нагласувајќи пред лидерите на групата Г7 дека санкциите против Москва не смеат да бидат укинати се до целосното повлекување на руските сили од Украина и постигнувањето мировен договор.

Таа рече дека рускиот претседател Владимир Путин мора да се соочи со таков пораз, што ќе му „ускрати каква било корист и на крајот на краиштата ќе го одврати од агресивни активности во иднина”.

Се проценува дека таквите експлицитни и максималистички изјави се сигнал упатен до Кремљ да не очекува остварување какви било придобивки преку насилни и агресивни активности. Но од друга страна, одредени аналитичари предупредуваат дека таквите специфични ставови би можеле еден ден да дојдат во колизија со интересите на Украина и на тој начин да го отежнат постигнувањето мировен договор и политичко разрешување на кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 3.000 странски работници веќе се во…

„Квотата од 5000 странски работници е пополнета…

Стана 100 евра поскапо да се добие…

Таксата за добивање адреса во Ќустендил за…

МОН одобриле нови учебници за средно образование,…

Во 2022 година Педагошката служба одобри стотина…

Паника во Бугарија: Десетици дојави за бомби…

Десетици училишта во Софија, Варна и Бургас…

Лога најавува дека уставните измени можеби нема…

Преамбулата на Уставот со внесување на помалите…