Блинкен: Она за што постојано сме загрижени се кинеските компании кои можеби ѝ даваат на Русија технологија

„Она за што постојано сме загрижени се кинеските компании кои можеби ѝ даваат на Русија технологија што ја користи за ширење агресија во Украина. Побаравме од кинеската влада да внимава на таквите активности“, рече Блинкен.
Американскиот државен секретар денеска во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во услови на зголемени тензии меѓу двете светски велесили, јави ДПА.
До средбата, што беше потврдена во последен момент, дојде на вториот ден од посетата на шефот на амеБлинкенриканската дипломатија на Кина.
Си ги опиша разговорите како „многу добри“ и рече дека „двете страни, исто така, постигнале напредок и договор за некои специфични теми“.
– Односите меѓу државите секогаш треба да се темелат на меѓусебно почитување и искреност, рече Си, додавајќи дека се надева дека посетата на Блинкен ќе помогне во „стабилизирање на односите меѓу Кина и САД“.
Ова е првата посета на американскиот државен секретар на Кина од 2018 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…