Блинкен: Сериозно сме загрижени за фиктивното судење во кое беа осудени легитимни борци

„Сериозно сме загрижени за фиктивното судење во кое беа осудени легитимни борци кои служеа во вооружените сили на Украина”, напиша Блинкен на Твитер.
Тој ги повика Русија и „нејзините сателити” да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, вклучително и човековите права и заштитата што им се дава на воените заробеници.
Врховниот суд на самопрогласената ДНР вчера осуди на смрт двајца британски државјани и еден Мароканец за, како што се наведува, учество во непријателства на страната на украинските вооружени сили како платеници. Ден претходно Врховниот суд на ДНР објави дека Британците Шон Пинер и Ајден Аслин и Саудун Брахим, од Мароко, кои се бореле на страната на Украина, делумно ја признале вината. Тие се предадоа во Мариупол во средината на април
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гутереш: Невозможно е горливите светски проблеми да…
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави…
(Видео) Двајца загинаа, а уште толку се…
Двајца загинаа, а уште две лица се…
САД: Руската инвазија на Украина ќе предизвика…
Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Линда…
Бајден се предомисли: Се уште сака да…
Бајден се предомисли, се уште сака да…
(Фото+видео) Пелоси пристигна во хотелот со огромно…
Спикерката на Претставничкиот дом на САД, Ненси…