Објавено на:

„Блумберг“: Русија ќе заработи големи пари со продажба на нафта и гас и покрај санкциите

t

Руските енергетски приходи нагло ќе пораснат оваа година доколку трговските партнери продолжат да купуваат нафта и гас од земјата погодена од западните санкции, пишува „Блумберг“.

Се проценува дека Русија во 2022 година ќе извезе енергија во износ од 321 милијарда долари, што е зголемување за повеќе од една третина во однос на минатата година, се вели во анализата.

Со сегашните санкции, се чини дека значителниот прилив на цврсти валути во Русија ќе продолжи – се наведува во извештајот на економисти од Институтот за меѓународни финансии (ИФФ), што го цитира го цитира „Блумберг“.

Сепак, аналитичарите на ИФФ посочуваат дека потенцијалното енергетско ембарго од страна на ЕУ, Велика Британија и САД ќе доведе до неизбежен пад на производството за повеќе од 20% и може да ја чини Русија големо намалување на приходите од извоз на енергенси, во зависност од промени на цените.

Наводно, земјата е на пат и до рекорден суфицит на тековната сметка, кој според експертите може да достигне и до 240 милијарди долари.

Русија е најголемиот светски извозник на природен гас и трет по големина извозник на нафта. Некои земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, го забранија увозот на руска енергија како дел од санкциите поради конфликтот во Украина. Сепак, ЕУ одби да го стори тоа, додека САД и Велика Британија продолжуваат да купуваат руска нафта и гас.

Глобалните цени на суровата нафта се зголемија за повеќе од 30 отсто досега оваа година, а цените надминаа 100 долари за барел поради загриженоста дека ќе има недостиг на испораки од Русија во време на висока глобална побарувачка. Цените на бензинот исто така достигнаа повеќегодишни максимални вредности.

Во март, рускиот претседател Владимир Путин порача дека Русија ќе прифаќа плаќања за извоз на енергија само во рубли од земји кои Кремљ ги смета за „непријателски“ поради нивната политика на санкции, што предизвика бес на Западот, каде што се надеваат дека санкциите ќе ја принудат Русија да се откаже од својата воена операција во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпански весник: Меси се враќа во Барселона?!

Шпанскиот спортски дневен весник „Diario sport“ пишува…

Вардар поразен од Целје: Струшкиот турнир има…

Струшкиот ракометен турнир кој летово се одржува…

Стејт департментот тајно го предупредил Конгресот за…

Стејт департментот тајно го предупреди американскиот Конгрес…

Утре е Преображение Господово: Ова се народните…

Православна црква и нејзините верници утре го…

Кина забрзано купува злато: Увозот најголем во…

Кина забрзано купува злато. Кина купила повеќе…