Богојески: Бугарите лажат дека ги нашле моштите на Светите браќа Кирил и Методиј

t

Петар Богојески укажува на ситуацијата во Бугарија деновиве, каде црквата тврди дека ги донела моштите на Светите Кирил и Методиј, кои ги прогласува за бугарски светци, и ги носи од град во град. Богојески цитира текст од МКДенес, каде се посочува дека телото на Методиј воопшто не е најдено, додека Кирил е погребан во Рим, каде го чествуваат македонски, бугарски и други делегации.

ЖАЛНО!
Мене вистина ми е жал за бугарскиот народ, кој живее во свет на лаги и измислици!
Бугарите не знаат кои се, од каде потекнуваат, кој им е доминантен идентитет, а сега уште ова им фалаше! Трагично!
Го натераа тој кутар народ да се поклонува пред мошти на Светци, кои не постојат!
Го натераа тој кутар народ да верува дека Св. Кирил и Методиј биле Бугари, а тие најголемите антибугари на сите времиња!
Го натераа тој народ да одбележува Ден на бугарска писменост на денот на Св. Кирил и Методиј, на оние Светци кои ја создале Глаголицата, а таа никогаш не се употребувала во Бугарија, особено не за време на Хановите!
Трагично, жално, смешно, мизерно… како сакате кажете, ама ова е начисто забегано!
Бог на помош на Бугарите со вакви политичари и владици… кои смислено со фалсификати го лажат прво својот народ, а потоа се обидуваат и целиот свет!
Јас кажав, па они си знаат!


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+Видео) Се бараше во јама до 70…

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски,…

(Видео) Петар кој ја насмеа Македонија стана…

Петар е детето кое ја насмеа македонската…