Објавено на:

Бог да чува: ЕУ воведе санкции за рускиот патријарх

t

Првиот човек на Руската православна црква, патријархот Кирил е меѓу лицата кои ќе бидат вклучени во шестиот пакет санкции на Европската унија, пренесува Политико.

Секоја земја-членка може да додаде или отстрани имиња од списокот на луѓе на кои ќе применува санкции, изјави извор од Европската комисија.

Да потсетиме, денеска шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен предложи нов пакет санкции, кој вклучува забрана за увоз на руска нафта.

Во едно неодамнешно интервју, папата Франциск го критикуваше патријархот Кирил дека ја поддржува инвазијата на Путин на Украина и го предупреди да не стане „министер на Путин“.

Што велат од Руската православна црква?

За санкциите против патријархот Кирил се јави и Руската православна црква. Портпаролот на верската организација, Владимир Легоида, изјави дека санкциите „немаат никаква врска со здравиот разум“, пренесува ТАС.

„Само оние кои не се запознаени со историјата на нашата црква мислат дека можат да ги исплашат нашите свештеници и верници со составување некаков список со имиња“, рече Легоида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…