Божиновски: Груевски ниту ми барал, ниту сум му дал, ниту ми дал пари, за станови и земјиште никогаш не спомнал
Поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, денес се појави како сведок во случајот “Плацеви на Водно”.
Одговарајќи на прашања на адвокатите и обвинителството Кирил Божиновски кажа дека никогаш не му давал пари на Никола Груевски, ниту земал пари од него, ниту пак Груевски му барал такво нешто.
Исто така кажа и дека никогаш Никола Груевски не му рекол дека купил некакво земјиште на Водно или станови.
Со Груевски се гледал повремено заради службените обврски но вакви разговори немал.
Тој кажа дека во неговата канцеларија во владата тој немал сеф а во канцеларијата во партијата имал два наследени сефови од претходното раководство на партијата, од кои едниот не се отварал бидејќи немале шифра, а вториот немал шифра но никогаш не го користел.
Кирил Божиновски кажа дека пари во готовина не чувале во партијата, ниту во сефови ниту надвор од нив. Не потврди ни дека Груевски имал сеф во неговата канцеларија.
На прашањето поврзано околу изјавата на Владимир Чинговски дадена во судот минатиот месец, Кирил Божиновски појасни дека во времето кога во август 2011 тој станал генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, истовремено В.Чинговски бил разрешен од член на ИК на партијата и немал никакви партиски задолжувања, па оттука тој никогаш не му носел никакви плика или документи на Кирил Божиновски во својство на генрален секретар на партијата, ниту пак постоел таков разговор меѓу нив двајцата за каков говореше Чинговски неодамна, за кого се знае дека повеќе пати бил од силен притисок на СЈО.
Како генерален секретар на владата од В. Чинговски често добивал службени дописи и пратки до владата каде Кирил Божиновски бил генерален секретар, но секогаш тие ги примале и проследувале задолжените лица во кабинетот на генералниот секретар.
Исклучок биле согласно закон класифицираните достави кои К.Божиновски ги доставувал до соодветните служби до владата за прибирање класифицирани информации.
Со ова и со одговорот на директното прашање на судијата, тој во целост ја поби и негираше изјавата на Чинговски дека му доставувал писма и пликоа од чија содржина Божиновски во два наврати искажал незадоволство од содржината.
На прашање на адвокат Кирил Божиновски потврди дека во тој период додека бил генерален секретар, ревизорските извештаи на партијата не утврдиле неправилности во финасиското работење.
Обвинителката Лиле Стефанова чии според многумина веќе познат метод на работа е уцена на сведоци и осомничени да сведочат во корист на обвинителството, остана без посериозни прашања и единствената работа што сакаше да ја нагласи беше дека Кирил Божиновски бил обвинет заедно со Никола Груевски во други два предмети, што воопшто не и пречеше кога сведок беше Мартин Протогер, кој исто така е обвинет во истиот предмет.
Со ваквиот начин за изнудување лажни сведочења Лиле Стефанова, говорат добро упатените, можно е еден ден да се соочи со кривична одговорност.
Таа во изминатите околу седум години е специјализирана и единствено посветена на прогон кон членови и лица од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и важи за една од најлојалните обвинители на СДСМ.
Истата во петгодишното владеење на СДСМ ниту еднаш не препозна криминал и не отвори постапка против Зоран Заев и неговото семејство и бизнис соработници, ниту против било кој министер во владата на СДСМ.
Веројатно заради тоа многу членови припадници на постарото идеолошко јадро на ВМРО-ДПМНЕ Лиле Стефанова на споредуваат а понекогаш и ја нарекуваат како “Мара Минанова” алудирајќи на поранешниот секретар на градскиот комитет на сојузот на комунистите на град Струмица, која по нивното мачење ја издала наредбата за ликвидација на петте струмички студенти кои ги следеле идеалите на ВМРО за слободна и независна Македонија.
Мара Минанова која високо котирала кај поранешните комунистички водачи во со и социјалистичка Македонија, години подоцна целосно психички се пореметила и на крајот самата си го одзела животот.
Пред Кирил Божиновски, на денешното рочиште за „Плацови на Водно“ како сведок на одбраната појави и градежен инженер – вештак, која кажа дека пренамената на спорните парцели од земјоделско во градежно земјиште, заедно со други,случила по автоматизам кога бил прифатен и изгласан Деталниот урбанистички план (ДУП) од Општина Центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…